30.04.2025

Кирков: Вработените во ЗОО последно земале февруарска плата, цели фамилии страдаат поради неспособноста на Данела Арсовска

Почитувани,До мене како член на Советот на Град Скопје но и како човек кој е ЗОО активист и ја следи ,сака Скопската Зоолошка градина денес пристигна молба од вработените во оваа установа и барање за реакција и помош.Истите известуваат дека последна плата која ја земале е фебруарската плата и одтогаш немаат никакво примање, веќе сме Мај а овие вработени се оставени без примања и навистина сум запрепастен до каде ќе се оди со непрофесионалноста во ова раководство на Градот и кадрите кој ги поставува?!Вработените од утре ќе бидат и без здравствено осигурување !!!Поминаа празници како 8ми Март, Рамазан Бајрам , Велигден на праг е и 1ви Мај а вработените се оставени и заборавени замислете да им се исплати плата !!! Цели фамилии страдаат од нечија непрофесионалност!Често барам одговорност но овој пат изгледа ќе треба да побарам и протести пред оваа установа која го допре дното во секоја смисла!Град Скопје , Данела Арсовска , Зоран Попов…?!


ЛИНК ОД ФБ СТАТУС:

https://www.facebook.com/share/p/1Zc5YxyYNH/