12.06.2025

Видел ли тој што ги пишува соопштенијата за минимална плата во СДС, што вози Филипче, прашал ли како го купил и како во неговиот двор на Гоце Делчев 12 во Петрич легнале 9 милиони евра?

Има ли некој со здрав разум во СДС, партијата на управителот на бугарски фирми и љубител на луксузни џипови?

Тие што ги пишуваат соопштенијата на СДС виделе ли што вози Венко Филипче и го прашале ли кој му го купил и зошто?

Кога од СДС пишуваат за минимална плата го прашале ли Филипче дали не со една, туку со две минимални плати може да смени гуми и да прави годишен сервис на неговиот бесен автомобил? И од каде му се тие пари?

Дали од СДС кога праќаат соопштенија за минимална плата го прашале Филипче како во неговиот двор во Бугарија, на улица Гоце Делчев 12, легнале 9 милиони евра?

Ако од СДС никој не го прашува Филипче, од ЈО треба да почнат да го прашуваат.