24.08.2026

Филипче со потсмев ја поздрави одлуката на Абази со која беше ослободен од одговорност за трагедијата со модуларната болница во Тетово

Откако 5 години предметот за модуларната болница во Тетово се чуваше во фиоките на Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО, во која животите ги изгубија 14 лица, Венко Филипче, како тогашен министер за здравство, не беше повикан ниту на разговор.

За да биде појасно што се случувало, треба да се потсетиме дека модуларните болници биле поставувани без соодветен надзор, без одобренија од општините и без одобрение од надлежното министерство, односно спротивно на правилата предвидени со Законот за градење.

Филипче склучил анекс на договорот со фирмата која ги поставувала модуларните болници, со што цената била зголемена за 20%.

Овој случај, во кој 14 луѓе го загубија животот, Абази го затвори со тоа што го спаси Венко Филипче. A што станува со измените на Законот за градење, за отсуството на елаборат за електрична енергија, како и за недостатокот на основни технички спецификации?

Досега, условни затворски казни добија поранешните директори на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими и Артан Етеми, додека и самата болница како правно лице беше парично казнета.

Но, Абази оценил дека нема основ за одговорност од Венко Филипче.

Очигледно за Абази не биле доволни документите и вештачењата за да се отвори постапка против Филипче.

Па така, не е ни чудно што Филипче со потсмев ја поздравува оваа одлука, затоа што Абази си ја заврши задачата за која беше поставен во време на СДС, а тоа е да аргати за Заев, Филипче и Ахмети.

Секако, се појават нови докази, постапката за истото дело може повторно да биде отворена.