04.10.2026

Филипче откри сомнеж за криминал од 37 милиони евра за пратеничка од СДС, нека ги достави доказите и нека ги објави останатите сомнежи за криминал во СДС

Венко Филипче конечно прозборе за сомнежи за сериозни злоупотреби во редовите на СДС. 

Филипче изнесе сомнежи поврзани со пратеничката Славјанка Петровска, поранешен министер за одбрана и дел од Платформата 12.05, околу набавката на хеликоптери и договор за кој, според неговите јавни наводи, постоела разлика од дури 37 милиони евра.

Ова се наводи за сериозни финансиски средства и затоа Филипче има обврска пред граѓаните да одговори: Од кога ги знае овие информации?

Зошто молчел досега?

Кои документи и докази ги поседува?

Кој го потпишал договорот и врз основа на што?

Ако Филипче навистина располага со информации за сомнежи за криминал, тогаш нема простор за селективност, калкулации или меѓупартиски пресметки.

Нека ги достави информациите до надлежните институции и нека ги презентира пред обвинител. Јавното обвинителство, согласно своите надлежности, треба да ги провери наводите и да утврди дали постојат основи за постапување.

Ако Филипче знае за овој случај и има информации за други вакви случаи да ги пријави.

Затоа го повикуваме да не застанува на овој случај. Ако има информации или сомнежи за други незаконитости во СДС, нека ги објави и нека ги достави до надлежните институции.

Граѓаните заслужуваат целосна транспарентност и одговорност за секој сомнителен договор, секој потрошен денар и секоја одлука со која можеби е оштетен јавниот интерес.

Јавноста има право да знае што се случувало.