10.05.2025

Во СДС е истата матрица на лицемерие и потценување на народот, поднесувањето закон за Кочани е исто како Филипче да однесе за Модуларната во Тетово

СДС и Венко Филипче за седум години власт во Македонија, ја уништуваа, назадуваа и ја разградуваа државата до степен да не може да препознае.

СДС и Филипче се причината и лично одговорните за разурнатиот државен систем.

Со секој изминат ден СДС и Венко Филипче се повеќе ја покажуваат својата неспособност, лицемерие и дволичност.

Во нив нема ништо искрено, тие го потценуваат и во лице му исмеваат на народот. Таков е и примерот со поднесувањето на закон за Кочани.

Нема полицемерно од тоа СДС и Филипче да поднесат закон за Кочани, затоа што тоа е исто како да поднесат закон за Модуларната болница во Тетово или за враќање на името.

Поднесување на предлог закон за настраданите во Кочани, не е ништо друго, освен исмевање на народот во очи.

До каде може да оди апсурдот и лицемерието на СДС и Филипче, што е следно? Дали е следно СДС и Филипче да поднесат и закон за враќање на името, закон за Модуларната, или пак закон за Онкологија, за пациентите кои ги оставија со вода место со лек?

Можеби, пак, на Филипче и СДС ќе им текне да поднесат и закон за потекло на имотот на Зоран Заев, или пак закон за поништување на последните измени на Кривичниот закон, со помош на кои се спасија од прогон.

Со ова, СДС и Венко Филипче уште еднаш покажаа и докажаа дека кај нив ништо не е сменето. Таму сè уште останува истиот лицемерен пристап и матрица на потценување и исмевање на граѓаните.

Тоа е истата онаа партија и во неа се истите луѓе кои сменија име, беа причина за Беса транс, Ласкарци, Модуларната, Онкологија и десетици други трагедии, а за истите ниту чувствуваа никаква вина и грижа на совест, ниту пак за истите понесоа никаква одговорност.

СДС и Филипче не се, и не можат да бидат решението, затоа што тие се проблемот.

СДС и Венко Филипче остануваат синоним на лицемерието, неспособноста, на криминал и предавства.