Општина Богданци осум години е под раководство на луѓе кои ја уназадуваат општината.
Локалната власт осум години тапка во место поради тоа што јасно е до сега дека СДС не се грижат воопшто за интересите на граѓаните.
Еден од примерите како владее локалната власт во Богданци е основното училиште Петар Мусев – Богданци. Локалната власт потрошила 20 милиони денари за реконструкција на кровот, а сега училиштето е затворено поради претовар на кровна конструкција и наставата се одвива во друг објект.
Ова е само уште еден доказ дека СДС немаат допир со реалноста и дека партискиот врв не е заинтересиран за тоа што се случува на локален терен.
На локалната власт на СДС во Богданци воопшто не им е грижа што основците слушаат настава во објект кој не е наменет за истото.
Богданци е општина со најголем број на кривични пријави за локална корупција.
Општината се соочува со сериозни предизвици кои се резултат на долготрајна неодговорност.
Јавното комунално претпријатие има загуба од 200.000 евра во последните 5 години, што значи дека го опфаќа и првиот и вториот мандат, а тоа е притоа придружено со покачени тарифи за водоводни услуги и ѓубретарина.
Црвената линија на СДС е премината и во оваа општина. 330 граѓани ги имаат изгубено своите работни места поради тоа што најголемата текстилна фабрика во Богданци е затворена, а исто така и најголемата странска инвестиција од 20 милиони евра во областа на земјоделието со 150 вработени.
Ова е последица на неодговорната локална власт и лоши економски политики.
Голем број жители ја напуштаат општина Богданци и се преселуваат. Уште еден доказ дека локалната власт не им обезбедува услови на граѓаните за да останат во општината.
Општина Богданци не смее повеќе да остане заробена во состојбата на застој.
Неопходно е да се имплементираат стратешки политики насочени кон урбанизациски развој и привлечување на нови инвестиции кои ќе ја оживеат локалната економија.
Само преку професионално и ефективно раководење, со фокус на модернизација и иновација, може да се создадат услови за одржлив раст и подобрување на квалитетот на живот на сите жители.