Во изминатиот период Пробиштип се развива со силно темпо, над 100 милиони денари инвестиции за подобра иднина. Општина Пробиштип продолжува со реализација на значајни проекти за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.
Со над 100 милиони денари инвестиции во патната инфраструктура, водоснабдувањето, спортот и урбаниот развој, во Пробиштип се создаваат подобри услови за живот, нови можности за развој и посигурна иднина за сите населени места.
Се изградија и реконструкруираа улиците „3-та“, „3-ти Април“, „Јаким Стојковски“, „Ленинов плоштад“, „Никола Карев“.
Целосно се реконструираше патниот правец од Пробиштип до село Кундино, а продолжуваат градежните работи за реконструкција на патот помеѓу селата Горни и Долни Стубол.
Во тек е реконструкцијата на планинарскиот дом „Црн Врв“, како и изградба на нов паркинг-простор во Лесново, место кое привлекува се поголем број посетители.
Паралелно,општина Пробиштип врати над 50 милиони денари од општинскиот долг и се подготвуваат нови проекти вредни дополнителни 70 милиони денари.
Општина Пробиштип продолжува посветено, одговорно и со јасна визија, за модерно, развиено и просперитетно Пробиштип.








