Времето на безредието во државата, на мафијашките престрелки кои не се расчистуваа и на заштитените и недопирливи криминалци, заврши со заминувањето на СДС во опозиција.
СДС за време на седумгодишното владеење државата ја претворија во пашалак на мафијата и слободна зона за светските криминалци и наркобосови.
Дел од највисокото раководство на СДС, почнувајќи од поранешниот нивен претседател на државата, Стево Пендаровски можат да се видат на заеднички фотографии со членови и лидери на криминални банди и кланови.
Оливер Спасовски како најдолгогодишен министер за внатрешни работи, наместо да го гони криминалот, тој додели македонски пасоши на 215 белосветски криминалци.
СДС и нај долгогодишниот министер Спасовски, државата ја претворија во Колумбија на Балканот.
После долго време имаме Влада која е одлучна да оди до крај во битката против криминал којшто СДС го стави на пиедесталот на државата.
Борбата против криминалот е долга и макотрпна, но сега за разлика од порано кога криминалците беа заштитени од власта на СДС, тие се изведуваат пред лицето на правдата.
Со преземањето на одговорноста, ВМРО-ДПМНЕ да ја води Владата се гледаат и првите резултати од борбата против криминалот и корупцијата. Се водат истраги за разни криминални дејствија, се расчистуваат случаи, се апсат луѓе кои се огрешиле пред законите, како и лица кои во време на СДС беа недопирливи.
Борбата против криминалот и корупцијата ја гледаат и препознаваат и граѓаните. Затоа и на истражувањата на јавното мислење 60% од нив сметаат дека борбата на Владата со криминалот е интензивна и континуирана.
Додека во време на СДС криминалците шетаа слободни по улиците, сега тие завршуваат зад решетки.