23.09.2026

СДС и Филипче со лажна грижа и демагогија, граѓаните на дело го почувствувaа владеењето на СДС за време на ковид кризата, Модуларната болница, провизиите за вакцини и бројните скандали

СДС и Филипче глумат загриженост за граѓаните, за платите и животниот стандард но граѓаните паметат и се уште ги чувствуваат последиците и од владеењето на СДС кога ги ограбија граѓаните а државната каса ја опустошија. Граѓаните добро паметат и за министерувањето на Венко Филипче и бројните скандали со милионски суми.

Венко Филипче повторно се обидува да се претстави како заштитник на работниците и граѓаните, зборувајќи за минималната плата и економскиот стандард.

Но каде беше оваа грижа кога тој беше министер за здравство?

Филипче беше на чело на Министерството за здравство во периодот на една од најтешките здравствени кризи, на негово конто се десеттина илјади починати во корона кризата. Пожарот во модуларната болница во Тетово однесе 14 животи.

Филипче за време на владата на СДС и додека тој беше министер, знаеше само за спроведување на сомнителни тендери во здравството како оној за вакцините, потоа сомнителни проекти за клинички во Скопје, а сакаше и неколку области во здравството да ги приватизира.

На Филипче и СДС единствена грижа и фокус им се провизиите, тендерите во четири очи и процентите.

Лицемерно е денес Филипче да држи лекции за економија и животниот стандард.

Додека Филипче и СДС се занимаваат со демагогија, Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи има мерливи резултати. Се инвестира во инфраструктура, се привлекуваат инвестиции, се отвораат нови можности за економски развој и се преземаат мерки за подобар животен стандард.

Разликата е јасна, СДС има само празни зборови и ветувања, а ВМРО-ДПМНЕ работи и реализира проекти. Граѓаните сами најдобро знаат да ја препознаат разликата меѓу празни политички флоскули и конкретни резултати.