19.09.2026

Талогот на СДС на чело со Филипче ликува на неуспеси и е против развој на Македонија, а дури и градоначалникот Митовски е за ископ на антимон

СДС под власт на Венко Филипче, чиракот на Зоран Заев, ликува на неуспеси на Македонија.

Тие сакаат државата да не се развива, економијата да стагнира, народот да живее лошо.

Како и за многу други работи, така сега и за развојот на напредната технолошка индустрија, како што е изградбата на дата центрите, тие се против.

Против се и развојот на рударството, кој е еден од секторите кои го забрзуваат економскиот развој, од кои граѓаните имаат стабилни и добро платени месечни примања.

Дури и градоначалникот од СДС на општина Крива Паланка, Сашко Митовски е за повторното отворање на рудникот за ископ на антимон, гледајќи го тоа како инвестиција која ќе придонесе за економски развој на регионот, но партиското раководство е против.

СДС не сака Македонија да се развива, СДС не сака во државата да доаѓаат странски инвестиции, СДС е против изградба на хидроцентрали, развој на индустријата и економијата.

Ама затоа, СДС на чело со Филипче сака само за нив да има дозволи за одгледување марихуана, наводно за медицински цели, а истата да завршува на црните пазари по многу висока цена.

СДС и Филипче, сака само за нив да има за со менторот Заев да инвестираат во згради, станови и златни визи за Дубаи, фирми во Бугарија, јахти во Грција, дури и за акции во индиски авиокомпании.

И сето тоа не го заработија на чесен начин, туку наплатија за предавствата на Македонија, промената на името и распродавањето на националните интереси.

Така што талогот на СДС може да се прпелка во својата кал колку сака, развојот на државата, на економијата и на граѓаните нема да го спречат.