14.09.2026

Венко Филипче е амнестиран преку корумпираното судство за тоа што живи изгореа 14 луѓе во модуларната болница, СДС да престане да политизира со трагедијата во Кочани

Партијата која има претседател со име Венко Филипче кој е амнестиран преку корумпираното судство за тоа што живи изгореа 14 луѓе во модуларната болница во Тетово нема право да збори и политизира за Кочани.

СДС да престане да ја злоупотребува трагедијата во Кочани за дневно политички поени.
СДС да престане со двојните стандарди. Венко Филипче нема кредибилитет, додека Филипче и неговите блиски во СДС гледаа како да поделат поголем процент и провизии, живи луѓе гореа во Тетово.

Венко Филипче и СДС дебело профитираа од Ковид кризата додека граѓани умираа, за сега да се луксузираат со украдените пари од народот во Дубаи и на луксузните јахти со Заев на Егејот.

Судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица го амнестираа Венко Филипче за модуларната болница во Тетово. Кој ќе одговара за 14 жртви во модуларната болница? Одговорност мора да има. Време е во Македонија да владеат правото и правдата.