Продолжената рака на Зоран Заев, кој верно му го чува претседателското столче во СДС, Венко Филипче повторно денес излезе на прес-конференција.
Иако, можеби, за момент помисливме дека Филипче, сепак, ќе ги стави државните интереси пред личните и ќе ја прифати подадената рака за обединување и заеднички настап во борбата за одбрана и заштита на интересите на државата и националните идентитетски обележја, Венко како верен слуга и пиун на Румен Радев, веднаш не потврди дека се лажеме.
Венко Филипче уште еднаш, како многу пати до сега, потврди дека тој е најгласниот бугарски пратеник во Македонија за прифаќање и спроведување на нивните диктати и ултиматуми, на штета на македонскиот идентитет, јазик, култура, историја.
Тоа што ни останува да му порачаме на Венко Филипче, нека си остане таму каде што е, во длабока опозиција на маргините на македонската политичка сцена, што со сигурност СДС ќе ја однесе и до целосно исчезнување.
Додека Филипче и СДС цврсто застануваат на страната на Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ силно се обединува со народот и граѓаните во одбрана на македонските интереси и националното достоинство.
Местото на Македонија и на македонските граѓани е во Европската Унија и евроинтегративниот пат треба да се изоди достоинствено, без национални и идентитетски отстапки, базиран на реформи и Копенхашките критериуми.
Во однос на економијата, земјоделието и платите, Филипче и СДС може само да гледаат и да учат како се санира економскиот пустош кој тие го оставија за време на седумгодишното владеење, така што седум квартали по ред македонскиот БДП расте со три или над 3%.
Во земјоделието за кое Филипче зборува, го потсетуваме дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ исплати заостанати субвенции од периодот на власт на СДС во висина од четири милијарди денари и неисплатени плати на вработените во ЈП Национални шуми и Водостопанство во висина од 350 милиони денари.
Додека со СДС на власт земјоделците мака мачеа да ги продадат производите и да ги наплатат субвенциите, со ВМРО-ДПМНЕ на власт земјоделците редовно и навремено ги добиваат финансиските средства и така можат да го планираат и да го зголемат производството.
Така што, за прв пат после десет години во 2025-та година има зголемување на произведените количини на кравјото млеко за 2,7% во споредба со 2024-та година, зголемување има и во производство на овчото млеко за 4% повеќе во однос на 2024-та година.
Зголемување има и во делот на производството на јајца, во произведените количини на свинско месо, количини кои целосно ги покриваат потребите на домашниот пазар, како и во производството на пченица, при што лани, за прв пат после многу години, се откупија над 300.000 тони пченица.
И во однос на зголемувањето на платите СДС и Венко Филипче немаат што да кажат, затоа што од преземањето на власта се потпишаа повеќе колективни договори и се донесоа одлуки за покачување на платите на сите вработени во повеќе сектори, како образование, одбрана, здравство и така натаму, кои плати до крај на мандатот ќе се зголемат од 40 до 50%.








