Општина Босилово продолжува со реализација на значајни инфраструктурни проекти кои носат подобри услови за живот и рамномерен развој на сите населени места.
Меѓу најзначајните инвестиции се изградбата на фекална канализација во Моноспитово, вредна околу 2 милиони евра, како и изградбата на нов водоводен систем за Иловица и Штука, инвестиција од околу 800.000 евра.
Интензивно се работи и на целосната реконструкција на основното училиште во Еднокуќево, вредна 15 милиони денари, додека во изминатиот период се асфалтирани 12 улици и локалните патишта Турново–Бориево и Радово–Турново.
Со посветена работа, планирање и одговорно управување со општинските средства, Босилово создава подобра инфраструктура, поквалитетни јавни услуги и нови можности за развој.
Општина Босилово се гради со конкретни проекти, видливи резултати и визија за подобра иднина на сите граѓани.






