Кога Венко Филипче, човекот што стана синоним за молк во време на трагедии и скандали, се обидува да зборува за „вистинскиот пат“, граѓаните со право прашуваат, дали овој човек всушност мисли на патот кон бегство од одговорност?
Ова е истиот Филипче кој за време на својот мандат дозволи луѓе да изгорат живи во модуларната болница во Тетово, без да поднесе оставка, без да даде одговор и без срам. Истиот Филипче под чија капа исчезнаа милиони евра преку набавки на респиратори, монтажни болници и маски по сомнителни цени. Истиот што молчеше кога Македонија бележеше црни рекорди во ковид-смртност, а граѓаните сами се снаоѓаа за лекови и боци со кислород.
Сега, истиот тој ни зборува за „изолација“ и „визијата на СДС“? Македонија беше изолирана токму поради вашите неспособни, корумпирани и антинационални политики, од понижувањата во преговорите со Бугарија, до запирањето на европската интеграција, разорената економија и масовното иселување.
Граѓаните веќе решија: Ја вратија државата назад од вас и ја ставија на патот на обновата и достоинството. Доволно ви беше. СДС загуби со 200.000 разлика, а Венко Филипче сега зборува за доверба?!