Денес по електронски пат ќе поднесам кривична пријава до ОЈО ГОГ против Јон Фрчковски и н.н лица, а истата ке ја доставам и до архивата. Барам надлежните институции да утврдат што на навистина стои зад јавно објавените фотографии и твојата изјава „Си пробал? Те сликале“.
Со пријавата, барам да се испита евентуалното постоење на дејствија опфатени со членовите 215 и 216 од Кривичниот законик, како и дали постојат основи за примена на членот 364, непријавување кривично дело од тебе или од твои блиски. А за твоите клевети Јон. Категорично. Немам слабост ниту кон алкохол, ниту кон наркотици. Никогаш не сум користел наркотични средства и тоа е факт. А мојот најважен тест се моето семејство и моите пријатели. Ако мислиш дека сум направил кривично дело, повели, пријави ме.
Јон, има суштинска разлика помеѓу мене и тебе. Јас за моите зборови и постапки стојам јавно и одговорно. И токму тоа очигледно ви пречи. Ти и оние малкумина кои застанавте околу Филипче се искршивте плукајќи и клеветејќи, мислејќи дека така ќе се вратите на власт и ќе продолжите да користите наркотици по канцеларии. Тоа нема да ви го дозволи народот Јон, не јас. А ти, од друга страна, со своите постапки самиот се компромитираш. И наместо да дадеш одговори, продолжуваш со истото. Си пробал? Те сликале. Тоа не се мои зборови. Тоа се твои зборови. Затоа, Јон, да знаеш, вистинскиот предизвик се институциите.
И да бидам јасен, за крај, со оваа Влада нема играчки. Ако институциите утврдат дека има кривично дело и одговорни лица, ќе има одговорност пред закон. А по твоите настапи, виде, Јон, гледам дека дилерите се ретчат.Јон доаѓа тешко време за оние што живеат со и од пороците. Од денес, за мене ова не е фејсбук тема. Од денес, ова е тема за институциите.
Линк од фб објава:
https://www.facebook.com/share/v/1HdqsGndP8/?mibextid=wwXIfr








