Општина Конче продолжува да работи и да реализира проекти во повеќе области.
Општина Конче реализираше бројни проекти во инфраструктурата, водоснабдувањето, патната мрежа, социјалната заштита, образованието, спортот и културата.
Подобрено е водоснабдувањето и канализацијата, изградени и уредени се патишта и јавни површини, а општината доби нова механизација и противпожарна опрема.
Со уредуваат јавните површини каде уредено е околу 2.500 м2 јавни површини со што заокружуваме 15.000 м2 уредени јавни површини на територијата на општина Конче.
Продолжуваат мерките за поддршка на семејствата, новороденчињата, младите и старите лица, а за првпат е воведена и бесплатна градинка за сите деца.
Преку ,,Форум на заедницата”, се реализира набавката на Камион -кипер со дополнителна опрема за чистење на снег со што се овозможува подобра опременост на ЈПКД ,,Лакавица” со подобрување на услугите спрема граѓаните, ТМВ ќе биде употребено за оддржување на полски патишта, расчистување на речни корита, зимско одржување на локалните патишта, расчистување на диви депонии и други потреби.
Конче бележи активен спортски и културен живот, како и нови партнерства со општини од Хрватска, Италија и Турција.
Општина Конче продолжува со реализација на нови проекти и создавање подобри услови за живот на сите граѓани.








