27.09.2026

Неготино се менува со нови улици, уредени простори и конкретни инвестиции

Во изминатата година, локалната власт во општима Неготино реализираше голем број проекти.

Реконструирана е улицата „29-ти Ноември“, изградени се два нови кружни текови, а започна и реконструкцијата на градскиот плоштад. Реконструирани се улиците „Маршал Тито“ и „Ленинова“, како и тротоарите на „Маршал Тито“ и „Партизанска“. Реконструирана е и улицата „Ставре Ставрев“.

Во населените места реконструирани и асфалтирани се улици во Тремник, Криволак, Долни Дисан, Курија и Војшанци, а реконструиран е и патниот правец меѓу Долни Дисан, Горни Дисан и Вешје. Во урбаната заедница 5.1 се градат две нови улици со комплетна инфраструктура.

Неготино доби нов парк „8-ми Ноември“, нови семафори и дополнително уредени јавни површини. Во индустриските зони се ставени во функција нови градежни парцели за развој на индустријата и поставување фотоволтаици.

Во делот на образованието се обезбедени средства за првачињата, награди за успешните ученици, ментори и првенци на генерации, бесплатни униформи и бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение. Во училиштата и градинките се реализираа реконструкции, доградби и опремување, а во ООУ „Гоце Делчев“ е воведена едносменска настава и продолжен престој.

Општината продолжи и со поддршката за спортските клубови, младите спортисти и спортските настани, како и поддршката за семејствата преку ваучерите за новороденчиња. Реализирани се и мерки за поддршка на повозрасните, лицата со попречености и ранливите категории граѓани.

Ова е резултат на една година работа во која општина Неготино доби нови улици, уредени јавни простори, подобри услови во училиштата, поддршка за спортот, семејствата и граѓаните.