Една година локална власт е една година работа, реализирани проекти и видливи резултати. Во Општина Бутел промените се гледаат на терен и во улиците, парковите, училиштата, градинките и спортските терени.
Во изминатиот период започна водоводот во Љубанци и Љуботен, завршено е новото училиште во Визбегово во вредност 106 милиони денари, изградена е надградбата на ООУ „Ацо Шопов“ и започна изградбата на затворен базен. Изградени се две нови детски градинки, пет спортско рекреативни центри и над 30 спортски и детски игралишта.
Уредено е речното корито на Серава во должина од 1.800 метри, Радишани доби нов парк и плоштад, а се градат новиот мега-парк на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, пешачка патека покрај Серава и два нови моста. Во изминатите пет години се реализирани и бројни реконструкции и асфалтирања на улици.
А работата продолжува. Следуваат нова модерна поликлиника, секундарна водоводна мрежа во Љубанци и Љуботен, доградба на ООУ „Панајот Гиновски“, нова градинка во Визбегово, нови спортски центри и дом на културата. Се реализираат и активности за видеонадзор на јавните површини.
Една година е само почеток. Бутел се гради, се развива и се менува со конкретни проекти и уште посилно темпо во периодот што следува.








