05.07.2026

СДС признаа дека ударот преку платформата на поранешни функционери од партијата им доаѓа од внатре, што значи дека им пропаднаа лагите и манипулациите за тоа дека Мицкоски стои зад ова

Денешната прес-конференција на СДС, потврди дека навистина веќе не знаат каде тераат.

Пред два дена велеа дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски стоеле зад овие платформи, за денеска да се самодемантираат и да потврдат дека ударите им доаѓаат одвнатре.

Лагите и манипулациите кои ги ширеа кон ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски се доказ за начинот на кој СДС ја води својата политика.

Што и да им се случи, веднаш го вперуваат прстот кон ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски, наместо да сфатат дека проблемот е токму во таа мала група на Венко Заев и неговите лојалисти кои ја узурпираа некогаш големата СДС.

Сепак, драго ни е што пропаднаа лагите и манипулациите од страна на СДС и дека вистината секогаш излегува на виделина.