18.12.2023

Јанушев до Спасовски: Дали во МВР има Правилник по кој се постапува кога има исчезнато лице и доколку да, дали по него е постапено во случаите на Панче и Вања?

Од медиумите гледам дека Спасовски заминал во посета на Естонија, па кога е веќе таму нека праша како соодветните институции во државите членки на ЕУ постапуваат кога имаат пријава за исчезнато лице? 

А, во меѓувреме, јавно го прашувам Спасовски дали во МВР има било каков акт со кој се уредува оваа материја? Правилник или било што каде што е пропишано како, кој и на кој начин треба да постапува, што е потребно да се превземе кога има исчезнато лице? 

Доколку има, дали е постапено согласно потребното во случајот со малата Вања и Панче?

Линк од Фејсбук објава на Игор Јанушев, пратеник