за учество во третата генерација на ЖенскатаАкадемија за зголемена партиципација на жените во јавниот и политичкиот живот на Унијата на жени на ВМРО–ДПМНЕ
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ објавува повик за учество во Тренинг програма наменета за континуирано јакнење на женското учество во јавниот и политичкиот живот преку следните модули:
Модул 1- Човекови права и антидискриминација
Модул 2 – Еднакви можности меѓу жените и мажите
Модул 3 – Стратешко планирање и управување со промени
Модул 4 – Креирање на политики базирани на докази
Модул 5 – Политички систем и Политичка култура во мултикултурно општество
Модул 6 – Менаџмент и соработка меѓу различни чинители и нивоа
Модул 7 – Јавно говорење
Модул 8 – Баланс меѓу професионалниот и приватниот живот
Сите заинтересирани кандидатки во рок од 10 дена да достават кратка биографија и писмо за мотивација на електронската адреса [email protected].
Тренинг програмата ќе биде спроведена во време на викенди од страна на еминентни експерти и професори во различните области по дефинираните модули, а по завршувањето на програмата, на секоја кандидатка ќе и биде доделен сертификат за стекнатото знаење и вештини за учество во политичкиот и јавниот живот на земјата.
Со почит,
Унија на жени на ВМРО–ДПМНЕ