02.02.2025

Филипче – лидер без поддршка, фатен во злоупотреба на човечки трагедии

Венко Филипче, човекот кој го симболизираше колапсот на македонскиот здравствен систем, повторно се обидува да ги манипулира граѓаните, злоупотребувајќи трагични настани за евтини политички поени.

Јасно е дека СДС спроведува координирана и агресивно испланирана акција, користејќи исти структури кои во минатото организираа протести за Нешковски, Тамара и Младенов, а потоа мистериозно молчеа за трагедијата во модуларната болница во Тетово. 

Но, вистината е дека Филипче станува сè поизолиран и неприфатен, дури и меѓу своите поддржувачи. Најдобар доказ за тоа е неговата објава, која со тешкотии собра 188 лајкови – веројатно од неговото потесно семејство и „куртоазни“ познаници. Ова само потврдува дека граѓаните не го заборавиле неговото минато и несериозноста со која раководеше со здравството.  

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да биде гласот на народот и да ги разобличува лицемерните обиди на поранешните функционери од СДС, кои, наместо да понесат одговорност за своите неуспеси, денес се обидуваат да ги искористат најтрагичните настани за сопствени политички калкулации.