07.05.2025

Филипче да не молчи, да се огради од наркодилерот Стојков и да се извини на јавноста за лошиот пример што им го дава на младите

Венко Филипче со тоа што молчи и не се оградува од наркодилерот Андон Стојков, им дава лош пример на младите.Поранешниот претседател на СДММ Струмица, Андон Стојков и близок човек на Заев и Филипче во Штип е фатен од страна на полицијата со дрога.Заев и Филипче се опкружени со криминалци и уживатели на психотропни супстанци.Дали за Филипче е нормална појава користењето на психотропни супстанци, бидејќи се почесто неговите партиски функционери се фатени со дрога.Што има заедничко Филипче со уживатели на дрога и криминалци и зошто постојано настојува да е опкружен со нив и на приватни настани и забави.Што прават младите на состаноците на партиските подмладоци на СДС низ Македонија и дали се безбедни?Каков пример им дава Филипче на младите во државата?Дали Филипче молчи затоа што можеби и тој има корист од наркотрговијата на Стојков, и поради тоа молчи и го штити Стојков?Јавноста ја виде вистината за СДС на дело, партиските функционери на Филипче и Заев се опкружени со криминалци, бандити и наркодилери.СДС е синоним за неспособност, предавства и криминал.