25.11.2022

Тренчовска да ги врати ингеренциите за градинките на општина Гевгелија, нејзините кадри кријат брутално насилство врз бебиња

Тренчовска да ги врати ингеренциите за градинките на општина Гевгелија, нејзините кадри кријат брутално насилство врз бебиња.

Јована Тренчовска им ги одзема ингеренциите за градинките на општините за да може да поставува директори од СДС, за кои постојат низа скандали и немили настани.

Инцидентот со бруталното насилство врз 10 месечно бебе во Гевгелија е последен во низата, каде директорка назначена од Тренчовска крие насилство и не пријавува во Полиција.

Ова е втор ваков случај на истата директорка, на која очигледно градинката и децата во неа не и се приоритет.

И наместо да има одговорност и разрешување, Тренчовска формира комисија по примерот на комисиите на Филипче за сите КОВИД скандали, за Јилдиз, за старецот од Кратовско, кои не видоа епилог.

Наместо да измислуваат тела и комисии кои ќе завршат без епилог и одговорност, Тренчовска да ја разреши директорката на детската градинка од Гевгелија и веднаш потоа да ги врати ингеренциите врз градинките на општина Гевгелија.