13.07.2025

Тендерите во 4 очи се синоним за СДС

Тендерите во 4 очи се синоним за СДС.

Оние кои државата ја испокрадоа и градат облакодери по Дубаи, се дрзнаа да говорат за тендери.

Целиот мандат им помина во местење на тендери, правење на анекси и класифицирани договори, на Филипче, Заев и Груби.

Модуларната болница се случи поради криминал, трагедијата кај Ласкарци се случи поради корупција, Лотарија ја украдоа поради криминал, коли им купуваат фирми кои добиваат тендери.

И Македонија и Европа знае со какви луѓе си имаа работа. Луѓе кои ја распродадоа државата, ја украдоа и ставија пред банкрот и кои ја клекнаа на колена пред европските држави. Такви се луѓето од СДС и ДУИ. Синоним за криминал и корупција.