22.09.2022

Со СДС и Ковачевски за граѓаните рекордно се зголемија цените на храната, горивата, струјата, гасот…

Со клептоманската власт на СДС и дезертерот Ковачевски рекордно се зголемија цените на храната, струјата, горивата, гасот, огревното дрво и сите основни производи за граѓаните од 50 до 100%
Инфлацијата во Македонија која достигна 16% и е највисока во регионот го сруши стандардот на народот. Сега тоа што можело да се купи со илјада денари, не може да се купи ниту за 2000 денари. Наместо за народот власта ги троши парите на октоподи, службени возила, мебел, позлатени чинии и вилушки.
Патем СДС без срам се фали со нова методологија за пресметување на пензиите, кога истата таа методологија постоеше претходно па тие самите ја укинаа. Тоа отвора прашање колку пари власта им ускратила на пензионерите сите овие години додека старата методологија беше укината.