Постојат сериозни индиции дека пожарите се подметнуваат намерно.
На повеќе локации каде се настанати пожарите пронајдени се ракавици, во Чучер Сандево дрва потопени во бензин, а на други локации палети потопени со бензин.
На неколку локации каде се локализирани пожари и во Скопско и низ државата се забележани гуми кои се фрлани со цел да се распламти и разгори пожарот.
Постои сомнеж дека се работи на одредено сценарио кое се сака да се постигне со пожарите.
Додека се гаси едно жариште, веднаш избувнува друг пожар, институциите напорно работат со сите капацитети кои им се на располагање за да се локализираат пожарите.
Според информациите кои ги објавија институциите одредени лица веќе се под истрага а едно лице е лишено и од слобода.
Граѓаните го следат однесувањето на СДС и затоа ќе ги санкционираат и казнат на избори.
СДС да престане да ја злоупотребува ситуацијата со пожарите за политички поени.