14.04.2025

СДС не може да не ја интересира минатото од нивното седумгодишно владеење, затоа што тоа е изворот на проблемите и кај нив и во државата

СДС не може да се дистанцира од своето минато.

Колку и да не сака Кристина Костова да зборува за тоа што било порано, тоа е неизбежно.

Особено ако се има во предвид фактот што сегашниот претседател СДС, Венко Филипче е активен учесник во минатото за време на практикувањето на власта.

Тој како министер за здравство во владата на Зоран Заев и негов партиски потпретседател е активен чинител во општеството и директно одговорен за состојбите во државата.

Исто така, Костова треба да ја интересира тоа што било во минатото затоа што целото потесно и пошироко раководство на СДС е дел од третиот и четвртиот ешалон за време на владеењето на Зоран Заев, кој и Филипче, како негова марионета, го поставил на претседателското партиско столче.

Во однос на истрагата за трагичниот случај во Кочани, истрагата сè уште е во тек, и прв пат како никогаш до сега, опфатени се голем број на лица како партиски определени, така и луѓе што не се дел од политиката.

Во притвор се луѓе од СДС, ДУИ, но и од ВМРО-ДПМНЕ, така лица од општествениот живот.

Кога Костова има забелешки во однос на истрагата, исто така, треба да има во предвид дека републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски е избран токму во време на владеење на СДС.

И поради се ова, Костова не може да не ја интересира тоа што било порано во времето на владеење на нејзината партија. Затоа што хаосот во државата е резултат токму на нивното седумгодишно владеење.

СДС не може да оди напред ако не се соочи со болната вистина од нивното владеење.

СДС треба да знае дека сега е време во кое треба да се стави крај на хаосот којшто го оставија во сите пори на општеството.