Филипче и СДС го уништија здравствениот систем, а скандалите на Филипче како ексминистер за здравство немаат крај.
Филипче и СДС работеле надвор од законските процедури. Аферата провизии кои чинат животи ја открива вината на Филипче за пожарот во Модуларната болница.
Филипче беше најнеспособниот министер за здравство во историјата на Македонија. Филипче и СДС работеле на штета на јавното здравје на граѓаните.
Додека Македонија беше на врвот во светот по смртност од корона и имаше околу 10 000 жртви, Филипче бараше начини како да договори провизии и профитира од ковид пандемијата. Филипче е одговорен и за смртта на 16 лица во случајот Ласкарци кои починаа поради неговата неспособност да го организира здравствениот систем.
Филипче е најодговорниот за 14 жртви во модуларната во Тетово, тој лично ја правел техничката спецификација на тендерот. Венко Филипче дозволил изградба на модуларни болници без огноотпорни материјали. Ниту еден функционер од повисок ешалон на СДС не понесе одговорност.
Обвинувањата на СДС без докази е политичко мешање во правосудството, институциите како никогаш претходно темелно постапуваат по трагедијата во Кочани.
За трагичниот настан во Кочани во истражни постапки се опфатени најголем број актуелни и поранешни функционери, а некои сè уште се во притвор.
СДС наместо да ја злоупотребува трагедијата во Кочани, нека одговори дали и зошто Филипче е изземен и не одговара за Модуларната болница?