18.12.2022

СДС, Левица и ДУИ се партиите кои ја споделуваат власта во Град Скопје со Арсовска, нула проекти и нула отчети од СДС за граѓаните

Почитувани,

СДС, Левица и ДУИ се партиите кои ја споделуваат власта во Град Скопје со Данела Арсовска

Левица има три директори во градот, ДУИ два, а СДС целосна контрола над градот и Арсовска целосно водејќи го најнеуспешното претпријатие ЈСП.

А вчера видовме како Ковачевски ја брани Арсовска.

И кога сето ова ќе се сублимира јасно е дека ниту Левица, ниту ДУИ, а најмалку СДС направија нешто за градот Скопје.

Но, затоа видовме криминален договор за набавка на нафта од неколку милиони евра без рабат и попуст какви имале сите претходно договори, милионски суми за консултантски услуги и едно чудо лаги за дефокус од вистинските проблеми. Впрочем тоа е договорот Ковачевски Арсовска и тоа е она што е договарано на тајните средби.

А кога сме кај градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ тие покажаа како се создава за своите општини. Поминува година на капитални инвестиции, година без една афера, со даден отчет.

Јавно го повикуваме СДС да каже кој градоначалник на СДС направи отчет?

Одговорот е нула општини, нула градоначалници. Вистината е дека немаат проекти кои ги имаат сработено.

Ја разбираме нервозата но и фрустрациите на СДС. Наместо кочење проекти, наместо деструкција нека се фатат за работа. Нека не го казнуваат и нека не одат против својот народ.