23.12.2022

СДС кога бара виновник за хаосот во Скопје нека го бара во своите редови, тие заедно со Арсовска, ДУИ, Левица и ГРОМ се на власт во градот кој го носат во пропаст преку матни тендери

СДС се единствена партија која за својата неработа и хаосот кој го креира обвинува некој друг. Реалноста е дека токму СДС се дел од власта во градот Скопје и креатори на тој хаос и бесперспективност за кој зборуваат.

Токму СДС се во коалиција со Данела Арсовска во Скопје, заедно со ДУИ, Левица и ГРОМ.

Коалицијата на Арсовска и СДС си ја призна и самиот Ковачевски кој откри дека имале средби. На тие тајни средби се договарани матните криминални тендери, на штета на градот и скопјани.

Арсовска постави директор на ЈСП од СДС преку кого ги реализира криминалните зделки.  Александар Стојковски кадарот на СДС е тој го потпиша договорот за набавка на гориво за ЈСП од 27 милиони евра, без вообичаениот рабат и така го оштети  буџетот на ЈСП е оштетен за скоро 1.5 милиони евра.

За долгот во ЈП Водовод и канализација, СДС нека си прашаат во влада или кај коалициониот партнер ДУИ затоа што два милиони евра е долгот на Клинички кон ЈП Водовод и канализација.

Така да кога СДС сака да бара виновник за хаосот во Скопје подобро ќе беше истиот да си го бара во сопствените редови, но и во тие на ДУИ, Левица и ГРОМ.

Доказ за тоа се поставените кадри.

Директор на ЈП Паркови и зеленило е Зухјер Реџепи од ДУИ.

Директор на ЈП Улици и патишта е Саид Саид од ДУИ.

Директор на Градска библиотека Браќа Миладиновци е Снежана Стојчевска од Левица.

Директор на КИЦ е Антонио Димитров од Левица.

Директор на Музеј на Град Скопје е Панче Велков од Левица.

Заменик директор на Градски паркинзи е Сенада Ибраимова од Левица.

Директор на Градски паркинзи е Крсте Петровски, инаку генерален секретар на ГРОМ, а заменик градоначалник е Александар Трајановски исто така од ГРОМ.

Еве кој е на власт во град Скопје и со кого Данела Арсовска создава хаос, кој не се грижи за градот и кому му одговара заглавен град.

А да биде апсурдот поголем новиот министер во владата на СДС и ДУИ, бекатон политичарот Ристо Пенов рече дека е задоволен од работата на Арсовска.

Коалицијата на Арсовска со СДС, ДУИ и Левица го носат Скопје во пропаст, а спас и излез е оставка на Арсовска.