08.07.2025

СДС излегува на избори со кадри кои по неколку пати изгубиле избори и се со црвен картон од граѓаните

СДС нуди кадри кои веќе еднаш претходно се одбиени од граѓаните на избори, или не живеат во општините за кои се кандидирани.

Не постои друга партија која е толку упорна како СДС да ги награди најнеспособните кадри.

Наместо нови кадри со некаква визија или интегритет, СДС повторно кандидира лица кои веќе еднаш се одбиени од граѓаните.

Кандидати за градоначалници како Дарко Блажевски, кој е поранешен градоначалник на општина Јегуновце.

Блажевски е повторно во игра, иако е единствениот  човек кој некогаш затворил јавно претпријатие.

Блажевски на граѓаните на општина Јегуновце им ветуваше културен дом, проект од 50.000 евра, за на крај самиот да си го откупи тој културен дом.

Човек кој приватизирал простор што припаѓа на граѓаните, СДС сега  го нагрдува со кандидатура.

Вакви се стандардите на СДС, и јасно е зошто ја имаат изгубено довербата од граѓаните.

Слична е ситуацијата со Ѕвонко Васев. Човек кој со години не живее во општина Сопиште, не знае што се случува таму, не се среќава со граѓаните на таа општина.

Васев нема никаква претстава за потребите на граѓаните во општина Сопиште и нема контакт со нивното секојдневие.

Очигледно  е дека во СДС нема буквално никакви критериуми.

Според ова, СДС смета дека локалната власт е прибежиште за неуспешни поединци.

СДС не само што нема кадри, туку веќе нема ни срам.