09.10.2022

СДС ги боли работата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ

Бледите соопштенија на СДС не можат да го сокријат фактот дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за една година направија повеќе од нивните претходници од СДС за 4 години.

Граѓаните знаат дека СДС со нивните соопштенија и прес конференции само шират невистини и лаги, со цел да ги прикријат своите афери и криминали.

Аферата „Броило“ тешка 26 милиони евра, каде во центарот на картелот е фатен Ковачевски, не може да се сокрие од јавноста.

Општините каде што градоначалници се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ таму локалната самоуправа е сервис за граѓаните, а не како претходно за мафијата.

Бројни инфраструктурни проекти се реализираа со цел да се подобри животот на граѓаните.

СДС ги боли работата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.