29.07.2024

СДС владата ја претворила во партиски штаб платен со парите на граѓаните

Почитувани,

СДС владата ја претворила во партиски штаб платен со парите на граѓаните. Партиски паноа, флаери, партиски билтени, пропаганден материјал е сликата која е затекната во Владата.

Се принтале материјали, се складирале партиски летоци во зградата на владата, но важно Заев и Филипче кога беа дел од извршната власт ја тргнаа оградата и наводно ја отворија владата. Но зад оградата пустош. Си правеле тендери чии датуми ги антидатирале.

Јавен повик за доделување на финансиска поддршка е креиран на 01.04.2022, а де факто е направено како да е направен 21.05.2021, цела година и повеќе порано. Ова е кривично дело и за кое водството на владата од СДС треба да одговара. 

Партиски флаери низ државни канцеларии. СДС брутално ја злоупотребиле позицијата и државните ресурси. За ова мора да има одговорност. Ограбената држава е најголемото достигнување на СДС.