01.03.2023

Реакција на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ: „Транспарентноста“ во културата – Невидливите комисии на Министерството за култура

Годишната програма за остварување национален интерес во културата на Министерството за култура, годинава се објави без видлив национален интерес во културата. „Накитена“ со големи нелогичности и финансиски дисбаланс, таа, и оваа година, не се разликува од годишните програми во изминативе пет-шест години.

Времето минува, а сѐ уште е нејасно, кои се членовите на стручните комисии кои одлучуваа по одделните програми и проекти за оваа година? Таинствени се нивната компетентност и нивниот професионален дострел. Со што овие таинствени персони ја заслужуваат одговорноста да го утврдат квалитетот и да го посочат културниот продукт кој може да се нарече – национален интерес во културата.

Ги објавивте само претседателите, но не и членовите на одделните стручни комисии! Зошто? Можеби затоа што дел од членовите биле под силен притисок? Можеби затоа што се разочаравте од некои членови, универзитетски професори, кои не се согласиле со наметнатите улоги на слепи послушници? Можеби имате паралелен список на одобрени проекти со пристојни цифри, покрај објавените? Затоа, Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ Ве повикува во најкраток можен рок јавно да го објавите целосниот состав на комисиите!

Министерке, д-р Бисера Костадиновска-Стојчевска, македонската јавноста помисли дека со првиот ваш министер, Алаѓозовски, културата го допре дното. За жал, во вашиот бунар не постои дно; ниту човечко, ниту професионално, ниту етичко, а најмалку национално. Транспарентноста ја заменивте со дискриминација, цензура и непочитување на сѐ македонско.

Гласни беа извиците на „шарените“ по плоштадите и улиците за поголема транспарентност, сѐ да биде пред очите на јавноста. Очигледно само нивните бои останаа јавни, нагрдувајќи ја македонската метропола. Бојосаните восклици „Ружна“ ви е портата!“, „Ружна ви е зградата!“, „Ружен ви е споменикот!“ се јасни показатели на нивната интелектуалната празнотија.

Под лажно декларираната потреба за транспарентност, скриена е подлата желба и цел на шарените револуционери да конвертираат од шетачи по улиците во вработени на државните јасли!

Министерке, мистериозни и непознати комисии се на македонското културно небо. Сепак, едно е премногу јасно и видливо – Вашата оставка!

https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02siFCukMdkEBPYrQgWMoowtbtPp3kQa7MFqQi6oxt3EDwZRzfZsKfakvrdZQREfcWl&id=100069264607268&mibextid=Nif5oz