04.01.2025

Проектите се за граѓаните на Македонија, не се во сопственост на ниту една политичка партија

Не планираме по 7 потрошени години власт, да влегуваме во пресметка на СДС чив е експресниот пат. Тој не е ниту на СДС, ниту на ДУИ или друга партија. Ниту дали има логика се што ќе направиме ние, тие да тврдат дека било нивно, иако народот знае дека шајка не заковаа 7 години и како е можно за 7 години да немаа отворање на ниеден сериозен инфраструктурен проект, апсолутно ниту еден, и сега оправдано на сите нормални луѓе им изгледа налудничаво кога тврдат дека се ова, тие направиле. Токму тоа беше една од причините зошто изгубија на избори. 

Покрај криминалот и измеќарството кон ДУИ. Да потсетиме дека плаќаа тешки милиони, а немаа почнато со градба. Така да, бесполезни се ваквите дебати со нив. Сеуште живеат во филмовите на потценување на народот и сурово бескурпулозно лажење, типично за нивното лидерство и нивниот лидер во сенка.

Патиштата остануваат на граѓаните на Македонија. А СДС за жал на сите, е тука со своето однесување да не потсетува како не треба.