30.06.2025

Помина мандатот на Сашко Митовски, а освен скандали и празни ветувања, граѓаните не видоа ништо, време е за промени во Крива Паланка

Поминува мандатот на градоначалникот на СДС во Општина Крива Паланка, Сашко Митовски. А, граѓаните освен скандали, насилство, празни ветувања и нереализирани проекти, не видоа ништо добро.

Како поминуваше времето, така скандалите се редеа, партиските вработувања во општинската администрација му станаа воспоставена практика, општината ја презадолжи, а општинското претпријатие Комуналец го упропасти.

Ако во нешто може да се каже дека Митовски постигнал некој рекорд, тоа е бројот на поништени тендерски постапки. Во тоа е најдобар.

Но, тоа го покажува неговиот начин на водење на општината и отвора други дилеми, кои биле вистинските мотиви. Дали на време не успеал да се договори за процентот кој требало да му биде даден нему или пак, во меѓу време, некој друг апликант понудил повисок процент?

Тоа се прашања на кои Митовски ќе мора да даде одговори пред граѓаните на Крива Паланка.

Посебно, имајќи го предвид фактот дека тој е избраникот на Венко Филипче за кандидат за претстојните локални избори.

СДС се толку очајни, што никој друг не им се нафаќа да биде кандидат на изборите на кои ќе доживеат тежок пораз. Не можат да најдат нови, чисти, некомпромитирани кадри, па мораат да тераат кампања со стари излитени кандидати кои во нивното досегашно работење не оставија ништо добро за граѓаните, освен што го терале нивниот личен интерес.

Состојбата во СДС е до толку депресивна што немаа ни внатрешен процес на селекција на кандидати, па во Крива Паланка, со одлука на Филипче, го оставиле Сашко Митовски сам да ги изгуби изборите.

Поразот на СДС е неизбежен, затоа што граѓаните се мудри и нема повторно да поверуваат на шарените лаги и празни ветувања на Митовски.

Затоа што во изминатите години, граѓаните добро видоа кој е неговиот начин на работа, дека освен за личниот интерес, грижа за граѓаните и подобрување на условите на нивното живеење немаше.

Време е за промени во Крива Паланка, граѓаните заслужуваат градоначалник кој ќе работи во нивен интерес и кој ќе реализира проекти за подобрување на условите на живот.