15.03.2025

Петрушевски: Филипче и СДС се во паника – правда е само кога ним им одговара

Филипче и СДС се во паника – правда е само кога нив им одговара.

Изјавата на Филипче ја гледаме како дел од неговиот обид да биде присутен во јавноста макар и да каже нешто кое не е најлогично или лицемерно и провидно.

Тие се директно виновни за состојбата во судството. Тој лично во владата на Заев има свој придонес во сето тоа. Сите негови сегашни соработници имаат директен придонес во тоа.

СДС и нивниот портпарол на пропаднатите политики, Венко Филипче, повторно се обидуваат да ја замајуваат јавноста и да ја бранат партизираноста на судството, за кое сами се погрижија да биде нивен заштитен бедем.

Кога Филипче вели дека „ниедна влада не направила доволно за вистински реформи“, тоа е обид за евтин релативизам. Разликата е што СДС не само што не направи реформи, туку активно ја уништуваше правдата, поставувајќи свои судии, обвинители и партиски контролирани институции.

Дали се сеќаваат на политичките монтирани процеси во време на нивното владеење? Дали се сеќаваат на нивното „независно судство“, кое секогаш работеше во корист на нивните интереси?

Сега, кога ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните бараат вистинска правда, Филипче и СДС панично тврдат дека протестите против корумпираниот судски систем биле „удар врз демократијата“. Зошто? Затоа што конечно им се руши мрежата на заштитени судии и обвинители? Дали за нив демократија е кога истите тие судии ги затвораа нивните политички противници, но не е демократија кога јавноста бара одговорност од нивните луѓе?

Филипче зборува за „национален консензус за реформи“, но вистината е дека СДС го имаше целиот систем под своја контрола и не направи ништо. Наместо тоа, ги штитеа корумпираните практики на сопствените функционери, додека граѓаните гледаа како владеењето на правото се распаѓа.

Што направија тие за да ја вратат довербата во судството? Додека граѓаните бараат одговорност, тие повторно одбираат да ги одбранат своите криминални структури, со истите лаги и обиди за манипулација.

Граѓаните нема да наседнат на уште едно „преправање“ на СДС. Македонија не може да има „национален консензус“ околу заштитата на криминалот. Време е за вистински промени – а тоа значи крај за сите оние коишто го држеа правосудниот систем како заложник на сопствените интереси!