Почитувани,
Во врска со поднесената кривична пријава, сакам да ја известам јавноста за следниве факти:
- На ден 19.11.2021 добив писмена отставка од тогашниот директор на СОУ „Гошо Викентиев“ со бр. 08-2765/1. Во врска со истата донесов одлука бр.08-2765/2 од 03.12.2021 година за разрешување од функција на дотогашниот директор.
- На ден 03.12.2021 година донесов одлука бр. 08-2765/3 за распишување на интерен оглас за вршител на должноста директор на СОУ „Гошо Викентиев“. Во врска со оваа одлука беше објавен интерен оглас со бр.08-2765/4 со пропишаните услови за вршење на должноста директор на СОУ „Гошо Викентиев“.
- По објавениот интерен оглас до градоначалникот беше поднесена една пријава од редот на вработените во училиштето. Согласно поднесената пријава донесов одлука бр.08-2765/8 за назначување на в.д директор на Спирко Златков.
Ова е целата вистина во врска со назначувањето на директор и со обидите да се прави притисок врз работата на градоначалникот.
За крај сакам да прашам, дали ова е обид да се релативизира и сокрие пријавата од в.д директорот уште пред шест месеци во врска со откриени малверзации од страна на вработени лица во училиштето, блиски роднини на поранешен началник и сегашен инспектор во полицијата, за што сѐ уште ништо не е превземено од страна на МВР.
Со почит,
Градоначалник,
Љупчо Папазов