06.04.2025

Обвинителството да оформи предмет против градоначалникот на СДС во Крива Паланка кој свесно ширеше паника за наводно загадената вода

Градоначалникот на Крива Паланка свесно ја лажеше македонската јавност дека во водите на Крива река имало присуство на цијанид за 100 пати над дозволеното. 

Сашко Митовски не штедеше зборови и секојдневно изминатата недела ширеше паника меѓу жителите, за да дојде до ситни политички поени во пресрет на локалните избори.

Митовски беше демантиран од страна на Државниот инспекторат за животна средина. Од таму истакнаа дека нема цијанид над дозволеното и дека водата е безбедна.

Со оглед на тоа дека Митовски е јавна личност, а одредена група на граѓани која му ја дала добербата, сега беа изневерени.

Митовски свесно говорел невистини и ширел паника меѓу своите сограѓани, а за тоа кривично се одговара.

Го повикуваме ЈО да поднесе кривична пријава кон Сашко Митовски за ширење паника, со цел собирање политички поени.