21.11.2022

На функционерите – паразити и тие кои кријат имоти треба да им се конфискува имотот

Додека граѓаните молат за помош или лекувања преку донации, додека секој ден гледаме протести на земјоделците низ државата заради неисплатениот род, додека студентите протестираат за студентски оброк, функционерите – паразити на СДС и ДУИ зимаат илјадници евра месечна плата на грбот на граѓаните.

Паразитите на СДС и ДУИ на грбот на граѓаните ги живеат сите придобивки од државата. За еден мандат од четири години паразитите од СДС и ДУИ зимаат и до 300 илјади евра, пари од буџетот на државата.

Васко Ковачевски, Љупчо Зиков, Зоран Китанов, Садула Дураку, Фахрудин Хамиди, Владо Крстевски, Кире Наумов се само мал дел од долгата листа на паразитите кои се богателе на грбот на граѓаните, а придонесот од нивното директорување е еднаков на нула.

Функционерите на СДС и ДУИ го кријат својот имот од граѓаните, од голтари до милионери. Славјанка Петровска и Дарко Каевски си изградиле луксузни вили, дел од нивниот имот, како дивоградби го сокриле од очите на јавноста.

Фатени во лага, секој ден измислуваат по некоја нова приказна се со цел да ја дефокусираат јавноста од нивниот криминал, и нивното енормно богатење откако станале функционери во власта.

Богатењето на сметка на граѓаните, како и сокривањето на имотот на функционерите на СДС и ДУИ ќе му дојде крајот. Затоа ВМРО-ДПМНЕ во првите 6 месеци од преземањето на власта ќе ги испита овие случаи и секој нелегално стекнат имот ќе бараме потекло на истиот.

Доколку има нечесно стекнати имоти, преку криминал, истите ќе бидат одземени и парите ќе бидат вратени во Буџетот и имотот на државата.

За секој криминал на СДС и ДУИ ќе има одговорност.