01.03.2025

Наместо политичка дебата СДС упорно применува ист манипулативен шаблон, ВМРО-ДПМНЕ со мерки и проекти се фокусира на јакнење на позицијата на жените

СДС континуирано продолжува со своите тенденции да се самопроектираат како нападнати секој пат кога ќе биде посочена критика, и да ја дефокусира јавноста од суштинските прашања.

Целта на СДС, со својата притоа задоцнета реакција, наместо спонтан израз на навреденост е координиран потег по внатрешни консултации, што дава до знаење дека наместо политички дискурс, СДС упорно го применуваат истиот манипулативен шаблон.

СДС се деструктивни, и наместо да понудат аргументи, го девалвираат значењето на вистинска политичка дебата.

СДС како млака опозиција ја поткопуваат суштината и го насочуваат фокусот кон наратив на постојана угнетеност.

СДС треба да се соочат со реалноста и да покажат капацитет за критичка саморефлекција, и да го прифатат фактот дека политиката не е поле за лични драми, туку за сериозна и одговорна работа во интерес на граѓаните.

СДС зборува за демократија, а ги системски ги злоупотребуваше институциите преку политизирање и партизирање.

СДС не може да зборува за демократија кога системски ги злоупотребуваше институциите преку политизирање и партизирање.

ВМРО-ДПМНЕ се фокусира на зајакнувањето на позициите на жените во секој сегмент на општеството.

ВМРО-ДПМНЕ става акцент на улогата на жените во политиката, оваа заложба е поткрепена со конкретни мерки, политики и кадровска застапеност.

ВМРО-ДПМНЕ  континуирано се залага за создавање услови кои ќе овозможат жените поднеднакво да се развиваат во сите професионални области.