29.01.2025

Наместо да шири демагогија и раскажува политички теории Чупеска нека си ги среди проблемите во СДС и нека почне да работи на консолидација

Наместо да шири демагогија и да раскажува политички теории по ТВ дебати, Ана Чупеска нека почне да ги решава проблемите во СДС и нека почнат да се консолидираат пред да проблематизираат сензитивни прашања.

Единствен кој има идентитетска и политичка криза сам со себе е СДС.

Единствени кои предизвикаа проблеми и ги продлабочија проблемите на Македонија на патот кон ЕУ  се СДС.

СДС е партијата која на Бугарија во раце им и даде инструмент за блокада на Македонија на патот кон ЕУ.

СДС со нивните катастрофални економски политики ја откочи спиралата на раст на цените и ги осиромаши граѓаните.

СДС го намали животниот стандард на граѓаните и ги доведе до економска несигурност со лошите економски политики.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на зголемување на животниот стандард на граѓаните, привлекување на странски инвестиции и отворање на нови работни места.