Секој предизвик за државата, за СДС претставува можност за евтин политички напад. Наместо конструктивност и поддршка, сведоци сме на обиди за собирање ситни политички поени, дури и во моменти кога државата се справува со сериозни кризи, како што се неодамнешните пожари.
Постојат индиции дека дел од пожарите кои избувнаа во изминатиот период се подметнати од лица блиски до поранешната власт на СДС и ДУИ. Надлежните институции веќе преземаат конкретни мерки по ова прашање.
И покрај ваквите предизвици, службите за заштита и спасување работат со полна пареа. Во моментот активни се само 4 пожари, додека останатите се целосно изгаснати или ставени под контрола.
Разликата е очигледна. За само една година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа дека знае како да се справи со вакви состојби. За разлика од претходното владеење, кога авионите беа неисправни, опремата недоволна, а возилата дотраени, денес имаме значително подобрена инфраструктура: хеликоптери и авиони ставени во функција, нова и функционална опрема и обучен кадар подготвен за секој предизвик.
Наместо да критикуваат неосновано, време е СДС да прифати одговорност за годините во кои не презема ништо за подобрување на системот за заштита од пожари. Денес, благодарение на новото раководство, државата е подготвена и безбедна.