16.05.2025

Може Филипче и во негов стил, преку фејсбук статус од песочните плажи, да одговори дали со златната виза отишол во Дубаи со Заев за бизнис?

Неколку дена ги повикуваме СДС и Венко Филипче да кажат на кој начин ја стекнал златната виза за Дубаи.

И, нормално, неколку дена и од СДС и од Филипче целосен молк за потеклото на златната виза.

Го повикувавме да не се крие туку да излезе и јавно пред граѓаните да каже како ја добил златната виза за Дубаи.

Прашувавме дали златната виза, можеби, е стекната со инвестиција од над пола милион долари, или пак е ортак со Заев па заедно ја градат 50 катницата?

Филипче, не само што никаде го нема и се криеше, туку тој да ти бил заминат на одмор. Прво на песочните плажи во Грција и од таму, најверојатно, со директен лет заминал на златните песоци во егзотичниот Дубаи.

Според информациите кои стигнаа до нас, Венко Филипче на 10.05.2025 излегол од Македонија на граничниот премин Богородица, одејќи во Грција.

Оттука, го прашуваме Филипче, дали е точна информацијата дека од Солунскиот аеродром се упатува кон Дубаи со златната виза?

Дали Филипче е во Дубаи со неговиот ментор, Заев на увид на изградбата на 50 катницата или можеби станува збор за некој друг бизнис?

Имајќи предвид дека Венко Филипче е пратеник во македонското Собрание и дека добива плата од народните пари, треба јавно да им одговори на македонските граѓани, каде се наоѓа овие шест дена, што молчи.

Македонската јавност заслужува одговори на сите овие поставени прашања, па макар и во негов стил, со фејсбук статус кој би го напишал заедно со неговиот ментор, а можеби и ортак во инвестицијата за изградба на облакодерот во Дубаи, Заев додека се сончаат на плажа трошејќи ги украдените пари.

Со неговото однесување и аздисување, Филипче покажува дека не ништо друго, освен обичен лицемер, лажго и манипулатор, на кого не му е гајле за граѓаните. Венко Филипче докажува дека се грижи само за задоволување на неговите лични хирови и интереси и на бизнис интересите на луѓето од највисокиот врв на СДС.

Филипче и СДС се синоним за криминал, корупција и предавства.