14.09.2022

МНР се претвори во министерство за ухлебување на блиски на функционери, затоа дипломатијата е на ова дереџе

Бујар Османи, Ковачевски и антимакедонската СДС го партизираа МНР и затоа македонската дипломатија е на ова дереџе. Бујар Османи во стилот ем шуто, ем боде, уште ја лаже јавноста и кажува дека нововработенaта сопруга на пратеникот од СДС Мартин Костовски е неопходен кадар која имала соодветни квалификации, како да се работи за капацитети рамни на чудо.

Во што се состои неопходноста сопругата на пратеникот Мартин Костовски, веројатно од општинска администрација, да се презема во министерство за надворешни работи?

Кој капацитет и квалификации имаат ваквите кадри, за да имаат предност пред илјадници други млади и способни луѓе кои учеле, инвестирале во себе и се надградувале, но сепак ја немаат среќата да се вработат во МНР. Зошто не бил распишан оглас, па на тој оглас да се пријават и други, веројатно далеку поспособни кадри?

Министерството за надворешни работи стана министерство за ухлебување блиски на функционери на власта. Додека илјадници млади не може да најдат перспектива во Македонија, додека половина милион луѓе живеат во сиромаштија, дури десетици илјади немаат земено плата на време, власта си прави кадровски рокади и ухлебување на сопруги, сопрузи, тетки, стрини, фризерки и други ним блиски лица. Ова е сериозен сомнеж за злоупотреба и трговија со влијание и за ова мора да има одговорност.