03.12.2023

Маричиќ да имаше доблест ќе поднесеше оставка, Македонија не е во ЕУ поради криминалот на ДУИ и СДС и нивната неспособност да обезбедат фер позиции

Маричиќ да имаше грам доблест денес наместо да бара виновник во опозицијата, требаше да си поднесе оставка, неговото министерство после ќорсокакот со ЕУ, губи поента.

Навистина е губитнички обидот на Маричиќ за сопствената неспособност да бара виновници во други.

Министер е за европски прашања на Влада која државата ја потопи во криминал, ја уцени со бугарски диктати, и која нема ниту милиметар мрднати на европскиот пат.

Всушност Маричиќ е доказ како политичарите без кичма, и без визија ја заглавуваат државата. Македонија не е во ЕУ поради криминалот на ДУИ и СДС, и неспособноста на владата и дипломатијата да обезбеди фер позиции за Македонија.