23.06.2025

Луѓето на Заев – кандидати за градоначалници на СДС, во Чучер Сандево – Комненовиќ е тендераш со искуство

Чучер Сандево е уништена и упропастена општина, благодарејќи на Сашко Комненовиќ кој е човек на Заев и работи по неговите постапки.

Комненовиќ е повторно кандидат за градоначалник во Чучер Сандево, благодарејќи на Заев и неговите тендери со Компанијата Димовски која е блиска до СДС и Филипче.

СДС, Филипче и Комненовиќ, ја исцедиле општината преку тендери и набавки, за дел од работи кои биле и дел кои не биле потребни.

Во Чучер Сандево, за обичен спортски терен кој да речеме во Бутел чини 2,2 милиони денари, во Чучер Сандево благодарејќи на СДС, Филипче и Комненовиќ истиот тој терен чини 4,7 милиони денари, а изведувач секако е Компанијата Димовски.

Ете тоа е се што треба да знаете за СДС, Филипче и Комненовиќ. Ја украдоа општината Чучер Сандево, па сега бараат без срам од граѓаните уште 4 години за истото.

ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните тоа нема да го дозволи!