08.12.2024

Лицемерно е СДС да зборува за стандардот на граѓаните  

Лицемерно е од СДС да слушаме неосновани критики за стандардот на граѓаните. СДС седум години не им текнуваше за стандардот на граѓаните, туку се интересираа за тендери за да го пополнат својот, а испразнат џебот на граѓаните. 
СДС зборува за стандардот на граѓаните, а не можеа да обезбедат плати на вработените во Национални шуми и АД Водостопанство со месеци. 
Лицемерно е СДС да зборува за животниот стандард, а токму тие, наместо да го подобрат животот на граѓаните, секојдневно бевме сведоци на протести од скоро сите синдикати и претпријатија во државата.
Инфлацијата во време на СДС беше двоцифрена, а платите ниски, додека сега, инфлацијата е 3,5% и платите се зголемуваат. 
На СДС во нивниот мандат не им паѓаше на памет да го подобрат стандардот на граѓаните, туку да работат во интерес на Заев и фирмите блиски до него. 
Потрчкото на Заев, Филипче, ако толку е загрижен за граѓаните, ќе успееше во тоа. 
Наместо да прави проценти од договори за вакцините и да не се даваше вода наместо физиолошки раствор на граѓаните во болниците, граѓаните ќе имаа подобро здравсто.  
Заврши времето на “како до сега”. Доаѓаат подобри и поквалитетни времиња, во интерес исклучиво на граѓаните.