27.02.2023

Колку станови, куќи и деловни простори доделил Ковачевски на членови од влада и негови сопартијци

Наместо да прави пи-ар од судбината на социјалните случаи во Македонија, Ковачевски да каже колку клучеви од станови, куќи и деловни простори доделил на своите сопартијци и членови на владата кои добиваат ексклузивни деловни простори и луксузни куќи за багателни цени, кои за обичниот народ се мисловна именка.

Наместо да се прави голем газда кој покажува милост кон најпогодените, Ковачевски треба да одговори како семејствата да го преживеат месецот кога потрошувачката кошничка не може да се пополни ни со 3 минимални плати.

Злоупотребата на судбините на најранливите категории на граѓани е мизерна, додека цела јавност гледа како се купуваат коалициони партнери со куќи во Тафталиџе и дуќани на ул. „Македонија“.